gogo

A+ R A-


Кратовските четвртоодделенци ги изнесоа своите предлози пред градоначалникот на Кратово

Е-пошта Печати PDF

За разлика од возрасните, познато е дека децата немаат влакна на јазикот и она што го мислат, без многу размислување го кажуваат. Четвртоодделенците од кратовското училиште „Кочо Рацин“ го бомбардираа градоначалникот Мите Андоновски со незгодни прашања, а изнесоа и низа предлози за подобрување на животот во градот. Децата побараа подобро осветлени улици во вечерните часови, паркинг-простор во центарот, изградба на детски катчиња, зеленило и цвеќе на градскиот плоштад и низа други предлози. Градоначалникот Андоновски и претседателот на општинскиот Совет, Саше Георгиевски, добро се испотиле на детските прашања и ветиле дека ќе работат на остварување на нивните детски желби.
alt

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.