gogo

A+ R A-


Министерот Цветков ќе привлекува холандски компании во земјоделскиот сектор

Е-пошта Печати PDF

Холандски компании се заинтересирани за инвестирање во македонскиот земјоделски сектор, истакнал вршителот на должноста амбасадор на Холандија во Македонија Питер Верхеен на вчерашната средба со македонскиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков.

http://vlada.mk/sites/default/files/clenovi/Mihail_Cvetkov.JPGВршителот на должноста амбасадорот Верхеен изразил уверување дека во иднина Kралството Холандија со експертски тимови ќе му помага на македонското земјоделство, со цел полесно и побрзо приспособување кон новите современи текови во производството на храна.

На средбата е констатирано дека соработката на Република Македонија и на Kралството Холандија е на високо ниво, но на полето на земјоделското производство може да се продлабочува и интензивира.

- Изминативе неколку години земјоделството во Република Македонија доживува вистинска експанзија. Евидентираме зголемување на квантитетот и на квалитетот на целокупното земјоделско производство. Позитивни се резултатите во лозаро-винарскиот сектор, во производството на овошје и зеленчук, како и во областа на тутунопроиозводството и другите индустриски култури. Поаѓајќи од ставот дека само добро организирани земјоделци се продуктивни земјоделци, сега нашите напори преку програмите за поддршка се насочени кон  организирање на производителите - нагласил на средбата министерот Цветков. Особена грижа, како што навел, има за преработувачкиот сектор и затоа на заинтересираните домашни и странски инвеститори им се нудат големи поволности за инвестирање во земјоделско-прехранбената индустрија преку давање под закуп државно земјоделско земјиште и можност за инвестирање во слободните економски зони.

Министерот Цветков го информирал амбасадорот дека заинтересираните фирми за вложување во откупно дистрибутивни центри имаат можност да добијат и државно земјоделско земјиште, а со цел обезбедување поволни услови за стопансисување, подготвени се и голем број даночни олеснувања, како и можност за брзо регистрирање компанија.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.