gogo

A+ R A-


Собрани 24.000 денари во акцијата „Со срце од срце“ за Андреј Насевски

Е-пошта Печати PDF

altЖителите на Кратово уште еднаш ја покажаа својата хумана страна, откако денес масовно се приклучија на хуманитарната акција за помош на шеснаесетгодишниот Андреј Насевски од Злетово, кому му е потребна лекарска интервенција во Кина која чини 30.000 евра. Акцијата ја организираа учениците од „Митко Пенџуклиски“ и професорката Сандра Миневска под слоганот „Со срце од срце“. Учениците продаваа колачиња во форма на срце по симбилчна цена, а парите ќе му бидат предаденина Андреј.
-Со
купување на колачиња во форма на срце, обликот кој претставува љубов, солидарност и хуманост, граѓаните на Кратово му помогнаа на Андреј, кој се бори со ретка болест. Нему му се потребни 30.000 евра за трансплантација на матични клетки во Кина, а ние успеавме денес да собереме 24.000 денари. Ги замолуваме сите наши родители, роднини, пријатели и познајници и во следните денови да се вклучат во оваа акција за да му помогнеме на нашиот врсник да може да се радува на своите детски години исто како и ние – велат учениците од средното училиште „Митко Пенџуклиски“ во Кратово.
Колачињата во облик на срце ги изработија средношколците од угостителско – туристичката струка во Кратово.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.