gogo

A+ R A-


Кристијан Стоилков: Ја добив битката за живот, ми претстои битка за враќање на фудбалските терени

фотографија на Kristijan StoilkovПомина долга, измачувачки тешка година за перспективниот голман Кристијан Стоилков, кој во јануари заработи тешка повреда на главата на пријателскиот меч меѓу Турново и Брегалница. Едно мало невнимание во жарот на борбата, еден дуел со Иван Митров го чинеше младиот голман од Берово неколку месечна борба за живот, која за среќа ја доби. Но, борбата за враќање на фудбалските терени не е добиена, таа ќе биде уште потешка, затоа што Кико сеуште не е доволно рехабилитиран и сеуште неговите екстремитети ја немаат потребната еластичност и рефлекс. Порталот „Аберџија“ разговараше со него за голготата низ која мина, за надежта која уште постои во него, за непроспиените ноќи...
-Мина речиси една година од тешката повреда на главата која ја заработив минатиот јануари. Среќен сум што победив во најтешкиот натпревар за мене, битката да останам во живот. Уште не сум закрепнат доволно, но барем најлошото помина. фотографија на Kristijan StoilkovСе чувствувам многу подобро и постојано размислувам за враќање во нормален живот, тоа ми е првиот и најважен приоритет. Потоа, ако даде Господ, ќе размислам за евентуално враќање на зелените терени, но не по секоја цена. Целата голгота низ која минав јас, но и моите најблиски, ме прави претпазлив. Тоа значи дека ќе пробам да се вратам на фудбалот, но ако не оди како што посакувам, тогаш ќе се откажам дефинитивно од фудбалот и предвреме ќе ги закачам голманските ракавици на ѕид - истакна Стоиков, кој помина долг период на рехабилитација во македонските и словенечките болници.

http://www.aberdzija.com/kolumna/donirajte-za-kiko-golmanot-shto-povtorno-saka-da-zastane-na-noze.html

http://www.aberdzija.com/zabava/kristijan-stoilkov-golman-na-koj-mu-predviduvaat-bleskava-kariera.html

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.