Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков нема да поднесе оставка на барање на неговиот дополнителен заменик. Како што изјави денеска, оставка може да поднесе само ако тоа од него го побараат земјоделците, а тоа, напомена, нема да го дозволи... Дебатата меѓу министерот за земјоделство Михаил Цветков и дополнителниот заменик министер за земјоделство Љупчо Николовски е прво телевизиско соочување после долги години. Вечерва во 18.00 часот, на Алсат - М телевизија, дебата што не се пропушта.

























