Последниот ден во годината е денот кога се сумираат резултатите и се прави завршен биланс. Порталот „Аберџија“ зад себе има исклучително успешна година, со објавени 740 статии и 1.070.000 посети, бројки кои ме прават горд, бројки кои укажуваат на рапиден пораст на популарноста и раст на довербата од страна на читателите.
Порталот за крај на годината состави листа на најчитани статии во 2015-та година, а водечката статија годинава стигна до 17.000 отварања, не успевајќи да ја сруши читаноста на статијата од 2014-та за Христина Николовска од Куклица, што е најчитана статија во историјата на порталот со 37.000 отварања. Годината ја одбележаа статијата за Порше Кајман на среќната добитничка Емилија, за откачената свадбена фотка на Емилија Глигорова, за храбрите шумари што со секира отепаа волк, за храброста на дедо Љубе од Којково, за „Мусала“ како еден од најчудните стадиони во светот, и за жал, најчитаната статија за трагично изгубениот живот на студентката Фросина од Крива Паланка.
http://www.aberdzija.com/kriva-palanka/kriva-palanka-zhali-po-frosina-studentkata-koja-beshe-pregazena-od-nesovesen-vozach.html
http://www.aberdzija.com/zabava/emilija-simonova-se-ushte-ne-mi-se-veruva-deka-dobiv-porshe.html
http://www.aberdzija.com/zabava/otkachena-svadbena-fotka-od-kratovo.html
http://www.aberdzija.com/gradska/shumari-so-sekira-otepale-volk-vo-shkolski-dvor-vo-kratovo.html
http://www.aberdzija.com/sport/kratovska-musala-megju-najchudnite-fudbalski-stadioni-na-planetata.html
2016-та нека Ви донесе многу убави моменти, радост, среќа, пари и пред се добро здравје.