Вчера околу 09,30 часот во полициската станица во Пробиштип, 28-годишниот Д.К. од с.Калниште-Пробиштип, пријавил дека во долот на речното корито од Калнишка Река, на тесна земјена патека (удолница), пронашол непознато тело во фаза на распаѓање.
Вчера околу 14.00 часот во Пробиштип, во близина на Аква паркот настанал пожар во кој била опожарена дрвена барака во која имало пчеларска опрема и пластични шишиња, а во околината била зафатена сува трева и изгорено е едно пчелно семејство.
Премиерот Емил Димитриев придружуван од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска присуствуваа на свеченоста по повод одбележување на почетокот со работа на рудникот за олово и цинк „Злетово“ во Пробиштип (Плато за истовар на руда).
Пуштен е во употреба водоснабдителниот систем во пробиштипското село Ратавици, финансиран од Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој. Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски вели дека инвестицијата е 3.200.000 денари.
Изминатите три дена Пробиштип беше домаќин на Балканското првенство во одбојка на песок во машка и во женска конкуренција до 22 години. На аква паркот во Пробиштип најдобрите одбојкари од 11 репрезентации на Балканот овие три дена беа дел од одбојкарскиот шампионат. На ова...
При подготвителни работи за рестартирање на пробиштипскиот рудник Злетово во селото Добрево, полесно е повреден 52 годишен рудар. Здравствениот дом во Пробиштип на 15 август во 21 часот и 45 минути пријавил дека при работа во јама повреден е 52 годишниот Б.Д. од Злетово, кој е...
Кога те сака среќата, не е тешко да освоиш 135.000 евра во обложувалница со уплата од 440 денари. Ова му успеа на играч од Пробиштип, кој одиграл неверојатни 30 мечеви на еден тикет, повеќето со ситни коефициенти до 1.50. Тикетот е уплатен во Пробиштип, а добивката е апсолутен...
Денеска започнува исплатата на трите заостанати плати на рударите од Злетово и Тораница, од претходната стечајна постапка. Станува збор за плати кои што не биле исплатени од претходните сопственици.
-Рударите може да очекуваат во следните неколку денови да ги добијат...