Кратово денес слави, бидејќи фудбалерите на Силекс по пауза од една година повторно се враќаат во Првата македонска фудбалска лига. Тие сезонава одиграа маестрално во ВМФЛ – Запад и на две кола до крај успеаја да обезбедата враќање во елитата.
Во златната ера на фудбалскиот клуб Силекс, тоа значи во годините 1994, 95, 96 и 97, кратовци успеаја да направат нешто што е реткост, да останат непоразени на 53 меча по ред. Според овој скор, тие се наоѓаат високо на листата на европски клубови, на делба на 18-тото место, заедно со...
Кратовски Силекс официјално ќе биде првиот второлигаш кој ќе биде дел од финалето од купот на Македонија. Избраниците на Горазд Михаилов одиграа без грешка во Битола и сосема заслужено ќе имаат можност да ја одбранат титулата од минатата сезона. Противник и благ фаворит...
Силекс денес славеше убедливо против екипата на Кораби со 3:0 во рамки на 18. коло во ВМФЛ (запад). Кратовци поведоа во првиот дел со голот на Бурхан Алију, а во вториот дел победата ја запечатија Танушев и Каланоски.
Гостивар одигра 1:1 против Вардар Скопје, Охрид на домашен...
Силекс по втор пат сезонава не успеа да го совлада Гостивар, иако кратовци први стигнаа до водство преку Спиркоски во 30-тата минута. Само четири минути подоцна гостиварци израмнија преку Велинов. Во вториот дел Каланоски пропушти можност да му донесе три бода на својот...
Утре со мечевите од 16.коло стартува пролетниот дел во тековната сезона во ВМФЛ – ЗАПАД. Лидерот и есенскиот првак Силекс има убава предност од 9 бодови во однос на втората Воска Спорт и дури 12 бодови пред Вардар. Сепак оваа предност не значи дека кратовци ќе влезат...
Фудбалската експедиција на Силекс вечерва ги пакува куферите и утре ќе отпатува во Анталија каде ќе ја одработи главната фаза од тековните подготовки. Експедицијата на кратовци за Анталија ќе лета утре рано изутрина, а веќе во недела ќе го одигра својот прв пријателски...
Фудбалската експедиција на Силекс вечерва ги пакува куферите и утре ќе отпатува во Анталија каде ќе ја одработи главната фаза од тековните подготовки. Експедицијата на кратовци за Анталија ќе лета утре рано изутрина, а веќе во недела ќе го одигра својот прв пријателски...